| четврток, 6 декември 2018 |

Напад во Белгија: Џихадисти викале „Алах акбар“ и мавтале со мачети

Две белгиски полицајки се ранети во саботата во напад на пред главната полициска станица во градот Шарлероа, соопшти полицијата на белгиската покраина Валонија, пренесуваат медиумите.

– Двајца полициски службеници се ранети со мачета пред полициската управа од човек кој извикуваше ‘Алах Акбар’. Тој е застрелан, но е жив – објави полицијата на Шарлероа на својот акаунт на Твитер.

Според медиумите една од жртвите во нападот е полицајка којашто е хоспитализирана со длабоки рани на лицето. Нејзината колешка полесно настрадала.

Напаѓачот, кого го застрелал трет полицаец, е во сериозна состојба и исто така е хоспитализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top