Француски истражувачи откриле дека терористите во нападите изведени во Франција во изминатите месеци делумно користеле лажно оружје, а објаснување за тоа може да се најде во пропагандниот материјал на Исламската држава.
Во документот кој на почетокот на јуни го проследувале по пат на апликација за мобилни телефони Телеграм, симпатизерите на Исламската држава го опишале „потребниот материјал и целите” кои треба да користат за „изведување на операции на патот кон Алах”.
Тие тука меѓу другото препорачуваат „користење на лажни бомби под облеката, со црвени електрични жици кои се гледаат од ракавите и прекинувач, што ќе делува застрашувачки”.
Имено, Исламската држава е убедена дека во состојба на легитимна одбрана, силите на редот пред потенцијалните камикази нема да ризикуваат да го уапсат, туку дека ќе го „неутрализираат” најбрзо што можат.
Оваа техника на терористичката група е од двојна корист. Нивниот борец умира како „маченик” и така избегнува испитување од полицијата при што би можел да ги загрози другите терористички операции, се наведува во анализата.
Неименуван експерт за балистика кој работи во полиција смета дека терористите понекогаш користат лажни пиштоли и пушки да го плашат населението, бидејќи на прв поглед тешко се разликува лажното од вистинското оружје, па терористите лесно можат да ги исплашат луѓето и да ги натераат на послушност, посебно во тек на заложничка криза.
Така убијците од Сент-Етјен-ди-Рувре, откако минатата недела му го пресекоа вратот на свештеникот и тешко ранија едно лице, држеа три жени како заложници во црквата под закана со лажен пиштол.
Двајца тинејџери користеле и лажен механизам кој само личел на експлозивна направа.
И во Ница полицајците кои изведоа претрес во камион со кој напаѓач уби 85 луѓе на 14 јули, нашле вистински пишток од кој тој и пукал во текот на нападите, но и „рачна бомба која не функционира”, лажен автоматски пиштол и две реплики на јуришни пушки.
Во почетокот на годината маж кој носел лажен експлозивен појас бил убиен пред полициска станица во 18 париски кварт, откако се обидел да влезе во просторијата на станицата.
Некои експерти пак сметаат дека употребата на лажно оружје е знак на извесен аматеризам, бидејќи како што наведуваат, многу поединци веројатно не можат да си дозволат вистинско оружје ниту пак знаат да го користат.
Во Франција има реплики на оружје во слободна продажба и достапни се на сите, при што на никој не му треба дозвола за носење на такво оружје, освен што треба да се биде полнолетен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак