| четврток, 6 декември 2018 |

„Акватик центар“ ќе биде местото во кое ќе бидат доделени првите медали на ЛОИ во Рио

172 пливачки делегации ќе учествуваат на Олимписките игри во Рио. Уште од првиот ден започнуваат возбудувањата во базенот, а само за споредба во Лондон пред четири години имаше пет пливачки селекции помалку, а се делеа медали во четири дисциплини помалку.

906 пливачи, од кои 489 мажи и 417 жени ќе се борат за медалите во 32 дисциплини, од кои 26 во инвидуална конкуренција и 6 во штафетите. Посебно внимание е насочено кон Мајкл Фелпс и неговиот обид да го подобри бројот на олимписки медали кои досега стигнаа до 22 одличја, од кои 18 златни.

felps

Американските пливачи и пливачки се главни кандидати за освојување на најмногу медали, пад имаат Австралијанците и Германците, а константно добри се Aзијците.

Ова ќе биде последен олимписки пливачки турнир за Федерика Пелегрини, многу опции за медал има Унгарката Катинка Хотсу, а британското пливање е во неверојатна експанзија. Пливачките медали ќе се делат почнувајќи од денес до 13 август во новиот „Акватик центар“ во Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top