| четврток, 6 декември 2018 |

По жешката ноќ – уште пожежок ден

Со високи температури долго по заоѓањето на сонцето, вчеравечер Македонија, посебно главниот град, имаше топла и спарна вечер.

Денеска времето повторно ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Веќе попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Поизразена нестабилност се очекува во недела. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето ќе има од среда. Од недела се очекува пад на температурата на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top