| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавен бојлер пеплоса куќа на двајца браќа

Опожарена е куќа во скопското село Љубин во која живеат браќата С.Ш. и И.Ш, соопшти МВР.

Во пожарот, кој избувнал околу 2.30 часот, а целосно бил изгаснат во 4.45 часот, изгореле вториот кат и покривната конструкција, додека првиот кат бил делумно зафатен.

Се претпоставува дека причина за избувнувањето е заборавен вклучен неисправен бојлер.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top