Во серија тешки кражби по станови во Скопје, провалниците стигнале до вкупен плен од преку 20.000 евра.
Во периодот од 1 до 6 мај во Скопје на улица Коста Новаковиќ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на А.П.Д. (31), од каде што одзел златен накит во вредност од околу 700.000 денари.
Слично, во периодот од 2 до 6 мај во Скопје, на улица Миле Поп Јорданов, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на С.М. (59), од каде што одзел златен накит, антиквитети, парични средства и дигитална камера, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.
Полицијата сѐ уште не ги нашла провалниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.