| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: На Путин не може да му се верува

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не е сигурен оти на Русија и на рускиот претседател Владимир Путин може да им се верува како на партнери во напорите за завршување на крвавата граѓанска војна во Сирија.

– Многу ни е јасно дека Русија е расположена да поддржи еден убиствен режим, како и таков поединец – рече Обама мислејќи на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Не сум уверен дека можеме да им веруваме на Русите и на Владимир Путин – рече Обама пред новинарите, пренесуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top