
Каргоавион на ДХЛ ја утнал пистата во италијанскиот град Бергамо и се забил во прометен автопат.

„Боингот 737-400“, кој полетал од парискиот аеродорм „Шарл де Гол“, ја пробил заштитната ограда на автопатот, пред да застане пред зачудените возачи што минувале покрај аеродромот.

Драматичните фотографии покажуваат дека клунот на авионот се забил меѓу автомобили. Локалните медиуми пишуваат дека, најверојатно, инцидентот се случил поради лошото време.
Неверојатно, но во несреќата никој не е повреден, па ни тричлениот екипаж на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


