| четврток, 6 декември 2018 |

Безобразната Наташа не сакала да плати сметка, па тоа го направил келнерот

natasa

Судејќи по изјавите на вработените во еден црногорски хотел, пејачката Наташа Беквалац е најнепосакуван гостин.

Таа ги уценила луѓето од еден клуб во Игало да ѝ платат сместување во хотел, во замена за настап. Меѓутоа таа барала и нејзиниот бенд, сестра и и братучетка ѝ исто така да отседнат во истиот хотел гратис.

-Ајде да разберам да дадеме соба на музичарите, ама да води половина семејство со себе, не ми е јасно. Па, ако веќе изигрува нешто зошто не им плати хотел – се прашува работник во хотелот.

Пружена ѝ е врвна услуга и на сите кои ги повела сѐ им било бесплатно, но најлошо било кога еден ден нарачувала коктел за коктел, а кога келнерот ѝ ја донел сметката, бидејќи само првата тура била на сметка на куќата, таа не сакала да плати и почнала да му вика.

– Јас овде ништо не плаќам, разбираш? Ни овој пијалак нема да го платам, не ми паѓа на ум!Дали ти знаеш која сум јас? Ако не знаеш, оди прашај го директорот – викала Беквалац, а келнерот не сакал да влегува во кавга со неа.

На крај нејзината сметка ја платил тој од скромната плата, а таа си отишла со недопрен хонорар од настапот, кој изнесувал 7.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top