| четврток, 6 декември 2018 |

Кинези урнале катна гаража околу паркиран автомобил (фото)

kina rusevina  Не е првпат кинеските градежници да почнат со работа пред да создадат услови за безбедно спроведување на работите. Овој пат во прашање е демолирање на паркиралиште, кое веќе е срамнето со земја. Но, среде урнатини и натаму стои еден напуштен автомобил. kina rusevina1Очигледно на работниците им било доста од чекање сопственикот на автомобилот да се појави и да го дислоцира возилото, па решиле да ја урнат повеќекатната зграда околу напуштеното возило, кое останало заробено во морето од шут. kina rusevina2 Судејќи според тоа колку шут има околу, и да дојде сопственикот тешко би го помрднал своето возило без помош на кран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top