Мајка од Кардиф, Велика Британија е осудена на пет години затвор поради снимање порнофилмови со нејзиниот 14-годишен син. 36-годишната мајка која снимала сексуални сцени со синот ги праќала снимките на свој роднина во Пакистан.
Снимките биле откриени кога другарка на синот го позајмила неговиот телефон. Според обвинителството, на снимките може да се види орален секс на мајка и син, но и други сексуални сцени. Кога полицијата го запленила нејзиниот телефон, во него биле најдени и непримерни фотографии од нејзината тригодишна ќерка. Жената во полиција рекла дека тоа го сторила на барање на нејзиниот роднина од Пакистан.
На суд, исто така, било кажано дека мајката израснала во насилно опкружување. Морала да го напушти училиштето кога имала 13 години за да почне да работи. Исто така, имала однапред договорен брак кој бил полн со насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.