Екипата на тетовска Шкендија испиша нова историја во македонскиот фудбал откако се пласираше во плејофот од Лигата на Европа.
Во реваншот во Чешка против екипата на Млада Болеслав избраниците на избраниците на Бруно Акраповиќ доживеаја сладок пораз од само 1-0, што знаечеше и пласман во плејофот на само еден чекор од групната фаза во ЛЕ поради двата гола постигнати во Скопје на „Филип Втори“ арената.
Стрелец на единствениот гол за Млада Болеслав на овој меч беше Лукаш Магера во 82.минута од средбата.
Шкендија одигра одличен меч, а голманот Дино Захов се чини дека беше херојот на тетовци, со оглед дека одбрани навистина одлично.
Во текот на целиот натпревар Шкендија играше претпазливо и умешно ги чуваше скопските 2-0, а самодовербата не ја разниша ниту примениот гол во финишот. Голманот Костадин Захов повторено беше јунакот на Шкендија, одбраната одигра одлично, а целиот тим, навивачите и раководството на клубот имаат на што да се радуваат.
Пред чешката екипа, тетовци го елиминираа и Нефчи од Азербејџан и Краковија од Полска.
Шкендија е третиот наш тим, по Вардар и Работнички што ќе игра во последната фаза пред настап во ЛШ или ЛЕ, а има можност да биде првиот состав од Македонија што ќе настапи во фазата по групи.
Вардар пред 13 години не успеа на последниот чекор и беше елиминиран од Спарта Прага за настап во ЛШ, а Работнички лани беше елиминиран од Рубин Казањ за пласман во ЛЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.