| четврток, 6 декември 2018 |

Со велосипед од Сараево до Ајдахо – само за љубовта на Селма!

Осумнаесетгодишниот Ајдин Хоџиќ од Сараево се одлучи на овој смел (и по малку будалест) потег – на две тркала да помине пат од повеќе од 9.000 километри, кои го разделуваат од неговата сакана Селма.

–  Селма ја запознав случајно, додека се враќавме од училиште. По неколку излегувања, почнавме со нашата врска. Меѓутоа, веќе другиот ден дознав од мојот другар дека Селма ќе оди во Америка и веднаш раскинавме. По неколку месеци повторно се смиривме и  нашата врска трае од 18 декември 2011 година – изјавил Ајдин за босанските медиуми.

Ајдин ќе го почне својот пат на почетокот на септември. Досега добро ја проучил картата на Европа, а сега работи на патот до Ајдахо. Атлански Океан ќе го помине со брод и се надева дека овој подвиг нема да трае повеќе од 4 месеци за патот кој лесно може да го помине со авион за само 12 часа.

На прашањето зошто баш со велосипед, тој одговара дека долго размислувал што би било најпосебно за неговата најпосебна сакана.

–          Последен пат се видовме минатата година. Кога и кажав за мојот план и начинот на кој ќе стигнам дотаму, беше помалку збунета, како и сите останати кои слушнаа за тоа. Но, таа знае дека би направил сѐ за неа – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top