По повод 56. роденден на фестивалот Охридско лето вечерва концерт ќе одржи триото на гитаристот Дамјан Пејчиноски.
Роденденскиот концерт ќе се одржи на Куба либре плажа и бар, а истиот ќе започне во 21 часот. Триото го сочинуваат музичарите: Дамјан Пејчиноски, Горан Ѓешовски и Иван Петровски.
Дамјан Пејчиноски е македонски гитарист што своето џез-образовние го стекнал на Националната музичка академија во Бугарија. Неговата активна изведувачка дејност вклучува концерти во повеќе земји низ светот. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Горан Ѓешовски дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно-група Синтезис, како и со Тавитијан брадрс трио (Tavitjan brothers trio) со кои настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк.
Иван Петровски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.