| четврток, 6 декември 2018 |

Го прегази и избега – пронајден возачот кој удри пешак во Ново Лисиче

policija

Полицијата го пронајде возачот што утрово прегази пешак во скопската населба Ново Лисиче, по што избега.

Според информациите станува збор за 17-годишниот О.Љ. кој автомобилот БМВ го управувал без возачка дозвола.

Најновите информации говорат дека повредениот пешак Ј.Т. (67), кој живее во Ново Лисиче од ударот се здобил со тешки повреди фрактура на десната клучна коска и е задржан на лекување во болница.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top