Пожарникарите сè уште го гасат пожарот во Гоцевата шума кај Неготино, кој избувна вчера околу 16 часот, информира утринава Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Пламените јазици зафатиле трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.
– Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат – рече Илиев.
Во гаснењето на пожарот тие до еден часот по полноќ учествувале со осум пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.