| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар кај Богданци – пожарникарите од Гевгелија бараат помош

позар

Во околината на Богданци во близина на приватните оранжерии кои се наоѓаат покрај  реката Луда Мара попладнево изби пожар на отворено кој за брзо време се прошири на околниот терен обраснат со сува трева и  нискостеблести растенија.

Веднаш по дојавата за пожарот на терен излезе екипата на ППЕ на Гевгелија која огнот го гасне со две возила и 12 пожарникари.

Поради ветрот кој дува огнот брзо се шири кон планината Карабалија и се заканува да го зафати нејзиниот шумски предел.

Гевгелиските пожарникари побараа помош од своите колеги од Струмица и Валандово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top