Една трудна жена вработена во Дневниот весник Евренсел во Турција, ја претепала група луѓе, обвинувајќи ја дека носи непримерна облека и дека ги поддржува пучистите.
Нападнатата Хазал Олмез е во шестиот месец од бременоста.
Зошто носиш таква облека?Ти го поддржуваш војниот удар и си гуленист. Нема веќе вака да се облекуваш – викале напаѓачите, кои повикале уште луѓе да им се придружат во нападот.
Олмез рекла дека се враќала од работа кога три лица(две жени со бурки)ја нападнале. Таа вели дека ситуација била стравична и дека сакале да ја линчуваат на улица.
Никој од минувачите не сакал да и помогне, за на крај да ја спаси 60 годишна жена. Лекарите пак ја прегледале, но одбиле да и ги дадат наодите од нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.