Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара прошка од Бог и од народот, бидејќи, како што изјави „на време не го видел вистинското лице на Фетулах Гулен“.
Анкара го обвинува Гулен за организирање на минатомесечниот неуспешен воен удар.
Како што пренесува агенцијата „АФП“ тоа е редок случај Ердоган јавно да покаже понизност.
Гулен блиско соработувал со Ердоган додека тој бил градоначалник на Истанбул во 90-те години и потоа кога неговата партија дошла на власт во 2002 година, потестува француската агенциија.
– И покрај се, се чувстувам тажно бидејќи порано не го видов ова вистинското лице на оваа предавничка организација – изјави Ердоган во телевизиското обраќање.
Со овие зборови тој мислеше на движењето на Гулен „Хизмет“.
– Бог и мојот народ нека ми простат – изјави Ердоган.
Гулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла сите обвинувања на турските власти дека тој е организатор на пучот од 15. јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.