| четврток, 6 декември 2018 |

15 работи што треба да ги знаете пред да дојдете во Македонија

Што им препорачуваат странците на потенцијалните туристи во земјава

Блогерката и светскиот патник со име The Blonde Gypsy или „Плава Циганка“ во својот опширен текст кој е објавен и на Твитер дава сугестии за 15 информации кои би биле многу корисни доколку се најдете на улиците на некој од Македонските градови а не ја познавате локалната култура.

Вели дека за време на нејзиниот престој во Македонија имала супер забава и дека сретнала прекрасни луѓе.

Притоа светската патничка вели дека се чувствувала комфорно секаде каде што патувала низ земјава и дека за разлика од Косово и Албанија од каде што пристигнала, Македонија е подготвена да биде бомбардирана од џет сетери и туристи кои имаат што да видат.

Еве ги петнаесетте работи што мора да ги знаете за Македонија според „Плавата Циганка“
(Република се оградува од користењето на називот „Циганка“ и го користи само за именување на изворот на информацијата)

1. Името на земјата и некои од нејзините национални херои се оспорени.

2. Во моментов во главниот град Скопје се одвива контроверзно шминкање

plava ciganka carsija

3. Скопје ја има најголемата чаршија по онаа во Истанбул

4. Една од најголемите американски амбасади во светот се наоѓа во Македонија

5. Најголемата Ромска заедница во светот живее во Скопје

6. Вториот најголем град во земјата Битола, кој има најубава архитектура и богата историја не е посетен од туристи а вреди да се посети

7. Охрид е прекрасно место, но е мртов град во зима

8. Во Македонија храната е прекрасна а водата е чиста

9. Земјата може да се пофали со одлично вино

10. Технички не можете да купите Алкохол по 19 или 21 часот зависи од сезоната

plava ciganka za klubovi vlez

11. Во ноќните клубови не се дозволени ножеви, кучиња и пиштоли, но затоа високи штикли се неопходни

12. Македонците пушат насекаде

13. Земјата е неверојатно ефтина

14. Македонија е екстремно богата со природни убавини

15. Луѓето кои живеат во Македонија се супер

на следниот линк целиот напис на „Плавата Циганка“

Photo by The Blonde Gypsy –

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top