| четврток, 6 декември 2018 |

Фраер во „БМВ“ сакал да помине на автобуската лента, па се искарал со полицијата

Вчеравечер околу 21,10 часот на ГП „Долно Блаце“, на просторот каде се одвивал сообраќајот на автобуси, поточно на сообраќајната лента која се користи за влез во Р.Македонија, лицето Б.В. (24) од Скопје, управувајќи „БМВ“, со цел да влезе во Р.Македонија, се престроил во сообраќајната лента каде имало автобуси.

Од страна на полициски службеник му била издадена усна наредба да се врати со возилото во редот од каде излегол, при што ја спуштил рампата. Во тој момент Б.В. почнал да го омаловажува и да му се заканува на полицискиот службеник. Излегол од возилото и се упатил кон полицискиот службеник.

Полицискиот службеник, мислејќи дека Б.В. ќе го нападне, го турнал со рака и го предупредил да не му се доближува. Лицето било легитимирано по што го напуштило местото на настанот.

Против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top