| четврток, 6 декември 2018 |

Eдицијата „Синтези“ збогатена со нови дела

Поетските книги „De profundis“ од Ефтим Клетников, „Век за приказ“ од Веле Смилевски, „Моите веди“ од Вера Чејковска и „Крст, триаголник и круг“ од Мирјана Стојановска-Палигора се новите дела со кои се збогатува едицијата „Синтези“ на Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.

Книгите се прифатени во програмата за издавачка дејност за проекти од национален интерес на Министерството за култура и ќе бидат објавени до почетокот на годинашните Струшки вечери на поезијата.

„Дијалог“ применува нова форма во презентирањето на книгите од оваа едиција, кои се појавуваат со секој нов број на македонскиот книжевен гласник „Синтези“. Минатата година во едицијата „Синтези“ беа објавени поетски книги од Ристо Лазаров, Весна Ацевска, Ресул Шабани и од Иван Џепароски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top