| четврток, 6 декември 2018 |

Клетников: Славење со Бугарите Илинден – тоа е автогол

Писателот, поет и претседател на граѓанското здружение „Македонски манифест“ Ефтим Клетников во гостувањето на ТВ Нова го даде својот коментар по посетата на Зоран Заев во Софија и најавите за заедничко прославување на Илинден.

-Доаѓа Бојко Борисов на Мечкин Камен, што ќе бара тој на Мечкин Камен, која е неговата улога и нашата за заедничката прослава. Може ние да правиме со него прослава ако тој ја жени ќерка му или син му, па да идеме на свадба, да играме да пееме. Меѓутоа да го славиме со него и со бугарите Илинден знаете што значи тоа !? Тоа е автогол, автодеструкција наша зошто ? Затоа што со тоа ја потврдуваме нивната теза за бугарскиот карактер на востанието, вели Клетников за ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top