| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи што една жена не смее никогаш да ги направи за еден маж

Постојано слушаме совети за тоа што треба да направиме за љубов кон партнерот, но сега е време да научите што никогаш не смеете да направите за еден маж.

1.Да се откажете од своите соништа

Важите цели и соништа се важен дел од вашата особеност, она што ве мотивира и ве прави среќна. Ако вашиот парнтер директно или индиректно сугерира дека времето за нивно остварување одамна е поминато, можеби е време да размислите дали сакате да бидете со некој кој не верува во вас.

2. Да одите против своите ставови

Никогаш не дозволувајте некој да ве исмејува поради вашите уверувања и ставови. Во секој момент заслужувате почитување. Разликите се составен дел од секојдневието на една двојка и не треба да има проблем ако се во врска со некој кој ги почитува вашите ставови и размислувања.

3. Да го смените изгледот

Тој сака бринети, и вие веќе размислувате да ја обоите косата? Ви вели дека имате вишок килограми и дека треба да ослабнете? Тие љубовни прекршоци не треба да ги толерирате. Секоја промена на изгледот треба да биде мотивиррана од вашата внатрешна желба.

4. Да ги намалите стандардите

Знаете што сакате, знаете како треба и одите по тој пат. Не останувајте во врска во која не сте среќни, не задоволувајте се со маж кој не е доволно добар за вас.

5. Да ги игнорирате пријателите

Немој да бидете една од оние жени кои потполно ги заборава своите пријатели на барање на мажот. Не го запоставувајте своето друштво и најдете време за дружење со оние кои биле дел од вашиот живот пред во него да влезе вашиот партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top