Расте салдото на странски директни инвестиции во земјава. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во првите 5 месеци од годинава во Македонија се инвестирани 141,3 милиони евра, странски капитал.
Во извештајот се наведува дека во споредба со периодот јануари- мај лани има раст на странските инвестиции од 49 милиони евра.
ТВ Нова објави табела за инвестициите на странските бизнисмени во првите пет месеци последниве десет години.
Советот на странски инвеститори спроведе анкета помеѓу компаниите кои инвестирале во земјава. Податоците велат дека 84% од компаниите повторно би инвестирале и би ги зголемиле производствените капацитети, и покрај тоа што Македонија е во подолга политичка криза.
Дополнително , здружението на млади аналитичари и истражувачи побара одговор на прашањето – колкаво е влијанието на владините субвенции за странските дирекни инвестиции наспроти ефектот врз економскиот раст? Анкетата е спроведена на 1118 лица, од кои повеќе од 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека ефектот од странските инвестиции врз македонската економија е позитивен, 74 проценти од испитаниците сметаат дека треба да се градат нови зони , а нешто над 67 проценти изјавиле дека вработените кај странските инвеститори се добро платени.
Инаку заклучно со 30 јуни, во рамките на овие капацитети се вработени околу 6.000 лица. До крајот на годинава оваа бројка ќе порасне на најмалку 7.100 вработени најавија од Владата.Ставот од илинденска е дека самото зголемување на странските инвестиции се должи на политиките и активностите кои се преземени во последните десетина години, не само за подобрување на бизнис – климата, туку на сето она што значи промоција на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.