Втори август, Илинден, е голем ден во историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Денес го славиме нашиот голем празник. Илинден е ден и кога оддаваме почит на илјадниците смели мажи и жени кои во Илинденското востание и во Антифашистичката борба ги положија своите животи на олтарот на татковината – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска присуствуваше на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново.
-Илинден е ден кога секоја година се потсетуваме на нив, на нашите херои и нивните битки и жртви. Но, истовремено земаме аманет дека нивното дело, нивните заслуги и придобивки, слободата која ја извојуваа, храброста со која нè инспирираа, мудроста со која нè просветлија, слободата и независноста за кои се бореа и кои денес ги имаме ќе ги одржуваме, негуваме, развиваме, почитуваме и од нив нема да отстапиме, по никоја цена, во секаков ризик, при секаков предизвик и тоа треба да го знае секој, а најмногу самите ние – истакна Груевски.
Тој додаде дека гаранција на тој аманет се стотиците илјади македонски срца и души во Македонија, но и срцата и душите на Македонците распространети по целиот свет.
-Затоа што ние сме едно, едно ткиво нераскинливо, едно знаме, едно дело, една света и светла организација, една држава, една мисла и едно име – Македонија, посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски