Вчера околу 19,50 на ул. „9-ти Мај“ во Кочани, додека И.В.(40) се движел со неговото возило го пресретнал неговиот брат М.В.(37), кој прво се нафрлил врз возилото, а преку отворениот прозор го фатил И.В и почнал да го влече за раката со намера да го извади од автомобилот.
Во тој момент И.В. се тргнал со возилото назад и го повлекол М.В., по што тој паднал и се здобил со тешка телесна повреда (скршеница на лева нога).
Потоа И.В излегол од возилото и настанала меѓусебна расправија во која со повреди во пределот на главата се здобила и сопругата на М.В – Ц. В. (31).
М.В бил пренесен во МЦ Кочани, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Градската болница во Скопје, а Ц.В. била пренесена во болницата во Кочани и била задржана на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.