| четврток, 6 декември 2018 |

Постхумно, со медал за храброст ќе бидат одликувани 32 полицијаци

По повод Денот на македонската полиција, на 32 загинати полициски припадници постхумно ќе им биде доделен медал за храброст.

Медалите треба да ги додели претседателот Ѓорге Иванов во својата резиденција во рамките на традиционалното чествување на 7 Мај, Денот на македонската полиција.

Medal_za_hrabrost

Одбележувањето на Денот на полицијата ќе почне во 10 часот во МВР кога делегација на Министерството, предводена од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на МВР. Потоа делегација од челните луѓе на централните полициски служби, Секторот за гранични работи, Секторот за полиција и гранични работи, како и претставници на Македонскиот полициски синдикат ќе положат цвеќе и на споменикот пред зградата на Граничната полиција во МВР.  Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на паднатите бранители во Паркот на жената-борец.

Централниот дел од одбележувањето на 7 Мај ќе се одржи во 12 часот во резиденцијата на претседателот на Републиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top