| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманиот Џејмс донирал 41 милион долари за една година

Нема човек на планетава земја кој барем еднаш не слушнал за ЛеБрон Џејмс. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, актуелен освојувач на НБА титулата со Кливленд Кавалирс продолжува да ги изненадува луѓето.

Имено, тој преку својата програма „Јас ветувам” во изминатите 12 месеци, донирал над 41 милион долари за обезбедување на колеџ едукација на 1.100 деца од неговиот роден град Акрон, во државата Охајо, во САД.

Со ваквиот потек, ЛеБрон, кој и самиот имал тешко детство, бидејќи неговите родители го дале на друга фамилија поради недоволни финансиски средства, покажа дека не заборвил на минатото. „Кралот” како што популарно го нарекуваат, со овој гест, повторно ги освои срцата, и на тие што не се миленици на неговата игра. Навистина, ова е потег кој заслужува почит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top