| четврток, 6 декември 2018 |

Андонов: Македонија прва на удар ако Турција го пушти бегалскиот бран

oliver-andonovНа Македонија не ѝ значи многу тоа што Ердоган го прави внатре во неговата држава, но многу ќе ни значи неговата меѓународна позиција и улогата која ќе ја има кон Балканот, оцени универзитетскиот професор Оливер Андонов, при гостување на ТВ Нова.

-Македонија нема интерес било како да реагира по однос на тоа што се случува во Турција, но има потреба да ги следи состојбите за да може да реагира на време, бидејќи ние ќе бидеме први на удар ако го пушти бегалскиот бран- изјави Андонов.

-Тоа ќе значи ангажирање на армијата, ангажирање на полицијата,  дополнителни ангажмани и дополнителни прашања-додаде Андонов, при гостување во ТВ Нова околу случувањата во Турција по неуспешниот обид за државен удар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top