| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас : Ме ставија да настапам пред чистачите и нивните метли

Aca Lukas & Ceca RaznatovicАца Лукас настапи на сплитскиот фестивал „Рингишпил“ каде што го изнервира тоа што во првата вечер од манифестиацијата токму тој настапи последен.

„Изгледа мене ми наменија да настапам пред луѓето што чистат и пред нивните метли“, Аца ги изнесе критиките во свој стил.

Пејачот не им остана должен ни на коелгите од сцената. Кога го прашаа за популарноста, Аца порача од Сплит дека моментално му нема рамен.

„Не им придавам значење на прегледите на Јутјуб, но ако некој од моите колеги од сцената има половина од моите, слободно нека ме предизвика“, самоуверено тврди Лукас.

„А што се однесува до обвинувањата за наркоманија… Секогаш кога кажале дека сум бил надрогиран, јас не бев. Луѓето се глупави“, кратко порача пејачот во изјавата за Pink.rs.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top