| четврток, 6 декември 2018 |

Распоредени 167 турски генерали на нови работни места

Турското Министерство за одбрана распореди 167 генерали на нови работни места, по големите промени во војската спроведени по неуспешниот државен удар на 15 јули.

Во декретот се наведува дека 94 генерали на копнените сили, 22 адмирала, 44 генерали на военовоздухопловните сили и уште седуммина добиле нови задолженија.

Документот бил потпишан од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и министерот за одбрана Фикри Исик.

Претходно, министерот Исик изјави дека 311 војници, меѓу кои деветмина генерали, кои се осомничени за обидот за пуч, се уште не се уапсени. Тој изрази верување дека тие се уште се наоѓаат во Турција. Според Исик, смените во армијата се уште не се завршени и ќе има уште доколу биде потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top