Турските власти денес за прв пат признаа дека во чистките кои започнаа после пропаднатиот државен удар, можно е да се случиле „грешки“. Од западните земји токму поради масовните чистки беа критикувани турските власти.
„Ако има грешки, ќе ги исправиме“, изјави заменик премиерот на Турција, Нуман Куртумлус, а тоа преставува еден нов „тон“ во Турција, каде што прогонот на поддржувачите на Фетулах Ѓулен предизвика радикални чистки во војската, правосудството, образованието и во медиумите ширум државата.
„Граѓаните кои што не се поврзани со нив (симпатизерите на главниот осомничен за државниот удар – Фетулах Ѓулен), можат да спијат мирно затоа што „нема да им се случи ништо лошо“, изјави заменик премиерот на Турција на специјалната прес конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.