Алпинистичкиот тим на Тигрите денеска по неколку часовна интервенција извлекоа безживотно тело од провалија кај Катланово. Неофицијалните информации говорат дека се работи за 45 годишниот Робертино Чонтев, потполковник во АРМ кој од 24-ти јули се води за исчезнат.
Имено, информациите со кои досега располагаат медиуми говорат дека случен минувач утринава пријавил дека на патот Велес-Скопје кај Катланово забележал автомобил кој бил излетан од коловозот. Во близина на возилото „Рено 9“ се наоѓало и безживотно машко тело во почетна фаза на распаѓање.
Сомневањата се дека станува збор за исчезнатиот Робертино според моделот на пронајдениот автомобил. Дел од медиумите пак пренесуваат дека член на семејството го идентификувал Чонтев.
Официјална потврда за идентитетот на починатиот маж нема, а одбукцијата треба да ја утврди причината за смртта. Што точно се случило и како автомобилот се нашол во амбисот ќе треба да покаже истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.