| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар веќе трет ден беснее на грчкиот остров Евија

Речиси 300 пожарникари, потпомогнати од пет авиони „Канадери“, пет хеликоптери и локални доброволци, се обидуваат да го стават под контрола големиот шумски пожар што веќе трет ден беснее на грчкиот остров Евија.

Како што јавија грчките медиуми, засега нема информации за жртви, но поради наближувањето на огнената стихија властите спровеле евакуација на едно село, манастир и мал хотел во близина на местото Лимини.

Пожарот досега уништил голема шумска површина, како и евакуираниот хотел, ресторан, една вила и уште неколку објекти.

Во близина на реонот на пожарот чекаат ферибот и неколку брода, кои би биле активирани во случај на одлука за евакузација на жителите на Лимини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top