| четврток, 6 декември 2018 |

Емиратите заинтересирани за унапредување на економската соработка

driton

Министерот за економија Дритон Кучи оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија со седиште во Рим, Сагер Насер Алраиси.

На средбата, одржана викеднов, со амбасадорот, министерот Кучи ја истакна досегашната добра соработка меѓу двете земји, согласно досегашните договори за соработка кои претставуваат основа за интензивирање на економските односи и привлекувањето инвестиции, во интерес на двете земји.

Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти денеска Министерството за економија, Алраиси изрази подготвеност за унапредување на соработката во повеќе области, особено во областа на трговската размена, научната и технолошката соработка, како и соработката во областа на земјоделството и туризмот, а министерот Кучи ги претстави условите за инвестирање во Република Македонија и дел од проектите кои би можеле да бидат атрактивни за арапските бизнисмени.

Министерот и амбасадорот изразија задоволство од средбата и заемно уверување дека во периодот што следува ќе се изнајдат нови форми за проширување на билатералната соработка во области кои ќе бидат од заеднички интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top