Македонските навивачи што навиваат за англискиот премиерлигаш Арсенал вчера беа на „Емирати“ и го следеа мечот од Премиер–лигата против Манчестер Сити (2-2), а му изразија и поддршка на менаџерот Арсен Венгер за негово натамошно останување во клубот. Иако најголемиот дел од симпатизерите на „топчиите“ сметаат дека Французинот треба да си замине, сепак, македонскиот клуб на симпатизери на Арсенал има сосема поинаков став.
Македонските „топчии“ го истакнаа и транспарентот „20 години, ти благодариме!“ наменет за периодот од две децении, колку што Арсен Венгер е на клупата на Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.