Утре во Охрид ќе се одржи традиционалниот Илинденски пливачки маратон, кој ќе биде организиран од страна на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.
По 37. пат пливачите ќе ја поминат патеката Горица-Охрид, која е долга 2,5 километри. На маратонот ќе учествуваат повеќе од 50 пливачи од Македонија и од странство, кои ќе бидат поделени во две групи: до 16 години и повозрасни од 16 години.
Пристигнувањето на пристаништето во Охрид е планирано во 10.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.