| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска нови цени на парното греење, следуваат пониски сметки

Од денеска нова цена на топлинската енергија.

Домаќинствата кои користат топлинска енергија од Балкан Енерџи Груп од идниот месец ќе добиваат пониски сметки за речиси 11 отсто, кај потрошувачите од тарифната категорија образование минус 40,62 отсто, кај компаниите пак намалувањето ќе изнесува 28,74 проценти.

Цената за парното на домаќинствата кои ќе се снабдуваат од Скопје Север ќе се намалат за 4 процетни,  на Елем Енергетика за  потрошувачите кои имаат поставено мерачи  за 11,6 отсто, а за оние кои плаќаат по метар квадратен намалувањето е за 9,15 проценти.

Од сега па понатаму наместо два пати во годината, порамнување на сметките ќе с е прави само еднаш и тоа во мај јуни и јули. Декемвриско порамнување повеќе нема да има.

Останува и  гратис греењето од еден час плус. И во новата грејна сезона радијаторите наместо до 21 ќе бидат топли до 22 часот. Одлуката беше донесена лани.

Од 2013 година до сега, парното поевтини за 30 отсто. Се намалува и трендот на исклучување од градското парно. Лани 800 граѓани се вратиле на мрежата, а годинава се очекува тоа да го направат 900..

Најголем број корисници  снабдува БЕГ, околу  50. 000,  Елем Енергетика 3.500 , а  Скопје Север 300.

Поевтинувањето на парното граѓаните го дочекаа со задоволство. Некои веќе направиле пресметки. Велат дека  со намалувањето од 11 отсто, ќе добијат значително пониска сметка со што ќе заштедат во семејниот буџет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top