Холандската полиција денеска уапси едно лице, кое во автобус во движење извикувало „бомба“, но, како што соопшти портпаролката на локалната полиција, засега нема никакви индиции за сериозна закана.
Како што пренесуваат локалните медиуми, настанот се случил во автобус што полицијата го запрела на еден од главните автопати во Холандија, близу Амстердам. Тоа предизвикало застој во сообраќајот. Осомничениот патник е приведен и при претресот, тој бил цело време држен на нишан.
По минатонеделната дојава за можна бомбашка закана на аеродромот „Шипол“, во Холандија контролата на возилата е значително зајакната.
По исламитичките екстремистички напади во Франција, Белгија и Германија, за можна следна цел се смета и Холандија поради поддршката што властите ја изразуваат во однос на војната против ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.