| четврток, 6 декември 2018 |

Ерупција на вулкан, пет алпинисти загинаа, неколкумина повредени

Пет лица, меѓу кои и тројца германски туристи, загинаа, а најмалку седуммина други се повредени при активирање на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините. Групата алпинисти биле изненадени од ненадејното активирање на вулканот, кој исфрлил пепел и огромни камења.

Локалниот туристички оператор, кој го организирал искачувањето до врвот Мајон во провинцијата Албеи, изјави дека меѓу загинатите се наоѓа и филипинскиот водач на групата. Групата била составена од филипонски, германски и од австриски државјани.

Ова е прва ерупција на Мајон во последните три годни. Вулканот еруптирал 40 пати во последните 400 години. Пред ерупцијата не било издадено никакво сеизмолошко предупредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top