Три девојки кои исчезнале во Кливленд пред околу десет години се најдени во куќа во истиот град и сите биле во добра здравствена состојба, јавија американските медиуми. Според нивните информации, уапсени биле три лица под сомнение дека биле поврзани со киднапирањето на девојките.
Аманда Бери, Џина Деџизус и Мишел Најт исчезнале во период од една година во 2003 –та. Девојките биле најдени откако една од нив, Аманда Бери успеала да побегне од куќата и да повика помош на бројот за итни интервенции 911.
Во бегството и помогнал соседот Чарлс Ремзи кој ја видел како панично се обидува да излезе од куќата.
– Ја здогледав девојката која како луда се обидуваше да излезе надовр. И помогнав и ја одведов во мојата куќа од каде се јавивме во полиција, рекол Рамзи.
Деталите за оваа несекојдневна приказна се уште не се познати целосно, но полицијата соопштила дека за овој случај се уапсени три лица. Меѓу уапсените бил и 52 годишниот Ариел Кастро, сопственик на куќата кој работел како возач на училишен автобус. Се претпоставува дека другите двајца уапсени биле негови браќа. Медиумите јавуваат дека покрај трите кидналирани девојки, од куќата е изнесено и шестгодишно девојче за кое се претпоставува дека е ќерка на една од жртвите.
Аманда Бери била киднапирана во април 2003 годиона кога имала 16 години додека се враќала од работа во Бургер Кинг. Џина Деџизус имала само 14 години кога била кидналирана додека се враќала од училиште една година подоцна. Третата девојка, Мишел Најт се водела како исчезната од 2000 година. Тие биле сместени на само неколку километри од местото каде што биле киднапирапни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.