Некои од најфреквентните плажи на струшката ривиера, не ги исполнуваат условите за капење и рекреација на посетителите и немаат обезбедено спасители на вода, заклучи секретарот на општинската организација на Црвениот крст Струга Адуриме Даути.
-Апелираме особено до оние туристи кои не знаат да пливаат да не одат подалеку од обележаната зона, која ја обезбедуваат спасителите. Оние кои ги користат педалинките задолжително да ги носат елеците за безбедност- истакна Даути.
Само девет концесионери на плажи годинава имале потпишано договор со Црвениот крст за што се ангажирани 23 обучени спасители.
-Спасителите на вода секоја година поминуваат обука и се подготвуваат за сезоната. До сега успешно имаат интервенирано во повеќе случаи. И концесионерите ја увидуваат потребата од спасител на нивните плажи што води и до зголемена безбедност и сигурност за туристите- истакна Даути.
Струшкиот Црвен крст упати апел и до концесиониерите да ги обезбедат потребните услови на капалиштата за што помалку несакани случаи и подобар имиџ на градот. Спасителите на Црвениот крст пред десетина дена извадија давеник од водите на Охридското Езеро што скокнал од педалинка, кој по првичната реанимација беше однесен во Струшката болница, а потоа префрлен на Скопските клиники каде почина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање