| четврток, 6 декември 2018 |

Турција дојде до докази дека Гулен е вмешан во пучот?

турција

Турските власти дошле до шифрирани преписки на приврзаниците на Фетулах Гулен која потекнува од периодот пред војниот пуч.

Според зборовите на изворот, разузнавачката служба на Турција во мај минатата година открила преписка која приврзаниците на Гулен ја воделе преку специјални апликации кои почнале да ги користат во април 2014 година. Шифрираната преписка е водена од декември 2013 година.

Власта добила скоро 40.000 имиња на приврзаници проповедници, од кои значаен број е директно поврзан со обидот на преврат.

-Поданиците од Бај лок апликацијата ни дадода можност да ја откриеме нивната мрежа, во крајна линија нејзин голем дел. Подоцна се ориентирале на друга апликација, кога сфатиле дека Бај лок веќе не е сигурен – рекол изворот, додавајќи дека порано се појавиле информации за тоа дека турската разузнавачка служба  дознала за планирање на пучот неколку часа пред неговиот почеток, но за тоа не ги информирала властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top