Девојката таа вечер воопшто не се ни наоѓала во тој град.
За потсетување, стотици жени пријавиле дека за новогодишната ноќ доживеале малтретирање, напади и сексуално злоставување во Келн.
Една од потресните приказни беше токму онаа на младата Германка, која раскажала како група на мажи ја опкружиле, ја малтретирале и на крајот ја силувале, пренесува RT.
После наводното силување, 18 – годишната девојка се обратила во келнското Лоби за млади жени, кое им давало заштита на жртвите од нападите на новогодишната ноќ.
Според приказната на девојката, полицаец ја ослободил од силувачите. Таа тврдела и дека морала да оди на абортус бидејќи таа вечер забременила. Лобито за жени со месеци ѝ давало помош и поддршка, пишува „The Local”.
Токму таа група за помош ја пријавила девојката во полиција, и тоа поради сомнеж дека нејзината приказна за силувањето е измислена. Полицијата тоа и го потврдила откако не успеала да го пронајде полицаецот кој наводно интервенирал за да ја спаси девојката.
„Kölnische Rundschau“ наведува дека извори блиски до истрагата кажале дека приказната на девојката е целосно измислена, но и дека девојката и порано пријавувала измислени сексуални напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.