Ако вашето прво дете е машко, поголеми се шансите дека вие и вашиот партнер да останете засекогаш заедно, покажа најновото истражување на професорот Гордон Дал од Универзитетот во Сан Диего.
Професорот Гордон го истражувал пописот на населението на САД и открил дека мажите почесто ги бараат за жени своите партнерки доколку знаат дека тие носат момчиња, а исто така поретко се одлучуваат на развод доколку имаат синови.
Претходните истражувања од Универзитетот во Калифорнијаа покажаа дека разведените мајки со ќерки исто така имаат помали шанси повторно да се омажат, отколку мајките со синови.
Исто така шансите за развод се зголемуват за десет отсто, доколку парот има повеќе ќерки, покажува статистиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.