Со пари собрани од популарниот „Леден предизвик” пред две години, идентификуван е нов ген кој влијае на амиотрофичната латерална склероза (АЛС) или Лу-Гериговата болест.
Предизвикот, се состоеше во тоа кофа полна со вода и мраз некој да ја истури врз себе, сето тоа да го сними и да го сподели на социјалните мрежи, со што донира пари за истражување на болеста од која боледува и познатиот физичар Стивен Хокинг.
Тејлор Свифт, Ким Кардашијан, Елен Деџенерис, Луис Хамилтон, поранешниот претседател на САД. Џорџ Буш и многу други позанти лица, вклучувајќи и јавни личности од Балканот, беа меѓу милионите кои во 2014 година привлекоа внимание од 400 милиони прегледи на социјалните мрежи.
Со „Ледениот предизвик” беа собрани 220 милиони долари со кои се спроведе истражување во 11 земји, соопшти Центарот за AЛС со седиште во Вашингтон.
Со новото истражување откриен е генот НЕК1, кој влијае на предизвикувањето на амиоцентричната латерална склероза.
Џон Лендерс од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Масачусетс вели дека ова е успешен пример, кој е настанат од обединување на луѓето посветени во пронаоѓање на причинителот на Лу Гериговата болест.
Резултатите од ова истражувањето оваа недела е објавени во научниот магазин „Нејчр Генетикс”, а научниците се надеваат дека ќе придонесе за понатамошно проучување на Лу-Гериговата болест и развој на терапија за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.