| четврток, 6 декември 2018 |

Со концертот „Рок-симфонија“ на плоштад „Македонија“ се затвора „Скопско лето“

Со концертот „Рок-симфонија“ на 31 јули, в недела, на плоштадот „Македонија“ ќе се затвори овогодишното „Скопско лето“.

„Рок-симфонија“ е насловот на проектот и серијалот летни концерти кои Камерниот оркестар на Битола ќе ги одржи во неколку македонски градови. Камерниот оркестар е основан пред неколку децении и со неколку прекини егзистира до денес. Во почетоците бил составен од група ентузијасти (најчесто со мала музичка наобразба или без неа), но нивниот ентузијазам бил толку голем што за тоа време и во тие услови направиле одлични концерти. Денес Камерниот oркестар има музичари кои дипломирале, а некои и магистрирале на својот инструмент.

Зад себе имаат многу успешни концерти низ државата, учество на сите реномирани фестивали за класична музика и соработка со врвни солисти и диригенти од државата и странство како: Алесандрo Дагостини, Анатолиј Крстев, Борис Спасов, Иван Кожухаров, Саша Николовски – Ѓумар, Сашо Татарчевски, Бисера Чадловска , Ле Фи Фи и др.

На репертоарот на Камерниот oркестар на Битола се наоѓаат дела од сите епохи – од раниот барок, па сѐ до современа класична и популарна музика.

Покрај хорот и оркестарот на коцертите во рамки на летната турнеја, со Битолскиот камерен оркестар ќе настапат солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top