Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 2:30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А., удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот М.Б. Од ударот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. Возачот на голфот и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот не се повредени.
Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, со цел со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.