Осумдесет и двегодишниот Љ.Д. минатиот викенд бил уапсен од страна на српската полиција, бидејќи во својот дом во Ниш со ракија опил малолетно девојче (8) и го силувал под закана дека ако нешто каже со пушка ќе ја убие неа и нејзината мајка.
Девојчето А.Т. живеело со својата мајка (33) во село во близина на Ниш, само неколку куќи подалеку од онаа на злосторникот. Случајот и натаму се истражува и досега е непознато како старецот го убедил девојчето да влезе во куќата, но според првичните сознанија, старецот подметнал ракија во сок со цел да го опие девојчето, пишува српски „Телеграф“.
Кога детето видно било под дејство на алкохол, тој ја соблекол нејзината облека и ја силувал.
Случајот го откриле лекарите бидејќи мајката на девојчето побарала помош во Ниш. Според неофицијални информации, лекарите забележале видливи повреди на гениталиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.